Утрински Весник
Свет

Лукашенко испрати баталјон со балистички ракети и беспилотни летала на границата со Литванија и Полска

Лукашенко испрати баталјон со балистички ракети и беспилотни летала на границата со Литванија и Полска

По наредба на Лукашенко, испратена е војска на границата на Белорусија со Литванија и Полска. Наредбата е издадена од министерот за одбрана.

Белорускиот министер за одбрана Виктор Хренин наредил баталјон со тактички балистички ракети и мулти-барелни фрлачи на проектили и единици со беспилотни летала и системи за воздушна одбрана да бидат испратени како засилување на трупите во регионот Гродно, кој е на границата со Литванија и Полска.

Претходно, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, му нареди на Министерството за одбрана внимателно да го следи движењето на трупите на НАТО во Полска и Литванија, како и да ги стави трупите на западната граница на земјата во целосна подготвеност, потенцирајќи дека ситуацијата во овој дел од земјата ескалира.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот