Утрински Весник
Спорт

Дончиќ ги реши Клиперс, Денвер без решение за Мичел

Дончиќ ги реши Клиперс, Денвер без решение за Мичел

Јута Џез и Далас Маверикс израмнија на 1-1 во плејоф сериите против Денвер Нагетс, односно Лос Анџелес Клиперс.

Јута славеше над Денвер Нагетс со 124:105. Џезерите до победата ги предводеа Донован Мичел со 30 поени и осум асистенции, односно Џордан Кларкстон со 26 поени. Кај Денвер Никола Јокиќ забележа 28 поени, 11 скокови и шест асистенции, ист број на поени постигна Мајкл Портер јуниор.



Далас во дуелот со Клиперс забележаа победа 127:114. Маверикс до победата ги предводеше Лука Дончиќ (28 поени), на спротивната страна се истакна Каваи Ленард со 35 поени и 10 скокови.



> Дончиќ ги реши Клиперс, Денвер без решение за Мичел <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство