Утрински Весник
Магазин

Бритни Спирс не сака нејзиниот татко да ѝ биде старател

Бритни Спирс не сака нејзиниот татко да ѝ биде старател

Поп-ѕвездата Бритни Спирс сака нејзиниот татко да биде заменет како личност која ги контролира нејзините деловни и лични работи, што се смета за голема промена во 12-годишното старателство определено од судот.

Пред судското рочиште во Лос Анџелес во средата, адвокатот на 38-годишната Бритни поднесе документи во кои се вели дека пејачката е остро против тоа тоа Џејми Спирс да остане да биде траен старател односно „конзерватор“ – термин што се користи во САД за ваков вид трајно старателство со целосна контрола над нејзиниот живот.

Во документот не се наведени причините за ваквиот став.

Џејми Спирс беше назначен за траен старател (конзерватор) во 2008 година, откако животот на поп-sвездата излезе надвор од контрола и таа беше хоспитализирана на психијатриско лекување.

Долгото старателство над поранешниот феномен на тинејџерскиот поп е на мета на вокалната кампања #FreeBritney („Ослободете ја Бритни“) иницирана од нејзините фанови.

Тие веруваат дека таа живее како затвореник и испраќа криптични сигнали молејќи да биде ослободена преку своите профили на социјалните мрежи, во кои обично постира селфи или како танцува сама дома.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Овие хороскопски знаци често запаѓаат во токсични врски

“На Албанците им се наметнати границите, раздвојувајќи ги луѓето од иста нација и крв” – По бурните реакции повторно се огласи Бебе Раџа

И Дуа Липа во Косово – Со пријателите од Велика Британија “летаа” двоглав орел на фестивалот кој сама го организираше