Утрински Весник
Македонија

Финска ги суспендира летовите од Скопје, пристигнале уште 17 заразени патници

Туристичките работници во среда ќе протестираат

Финска ги суспендира летовите од земјава до 29 август, откако уште 17 патници заразени со коронавирус пристигнале со лет на Визер од Скопје во Турку во вторникот.

Како што истакнаа финските власти, тестирани биле 113 од вкупно 127 патници во авионот, и сите се ставени во карантин, пренесе „Хелсинки тајмс“.

Досега на последните четири лета од Скопје до Турку се регистрирани 60 случаи на корона вирус. На првиот лет на 8 август по доброволното тестирање на сите кои пристигнаа од Скопје позитивни беа 26 лица, на вториот на 11 август пет, а на 18 август уште 12.

Најголем дел од патниците во четирите лета биле со патни исправи на Косово и на Финска. Сепак, финските власти ја ставија Северна Македонија на листата на високорзични земји.

Комисијата за заразни болести вчера предложи ПЦР тест за граѓаните од Косово кои транзитираат низ Македонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Клековски: Над 24 милиони рецепти годишно, 55 милиони евра за лекови дава ФЗО

Левица: Успешен филибастер во Советот на Скопје- Левица ги враќа правата на опозицијата одземени од Вмровски резим 

Клековски: Со 35 евра месечно не може европско здравство