Утрински Весник
Економија

Започна исплатата на MojДДВ за април, мај и јуни

Поголем број дневни награди од по 1.000 денари за скенирање сметки

Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните за месеците април, мај и јуни, односно второто тримесечје од 2020 година. Досега на сметките на над 140 илјади граѓани се легнати над 167 милиони денари или 2,7 милиони евра.

„Исплатата продолжува и деновиве, како што ќе се доставуваат налозите до Трезорот на Министерство за финансии, се додека не се исплатат сите средства на трансакциските сметки на граѓаните за второто тримесечје од 2020 година, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска на Фејсбук.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Струјата до Нова година нема да поскапи, за понатака не се знае

Економско-финансискиот совет на Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?