Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Хоакин Феникс уловен од папарците додека пазарува

Хоакин Феникс уловен од папарците додека пазарува
Img 7972

Тој ја започна 2020 година освојувајќи награда на американската академија за филмска уметност и наука за неговата маестрална улога во „Џокер“, крунисана со „Оскар“ за најдобар актер.

И истава година Хоакин Феникс најверојатно ќе ја забележи како татко, имајќи предвид дека го очекува првото дете со свршеницата Руни Мара.

А викендов, актерот (45), кој не се експонира многу во јавноста, беше забележан од папараците додека пазарува во Лос Анџелес. Оскаровецот е во  секојдневен лежерен изглед за топол летен ден – црна маичка и црни шорцеви.

Феникс и Мара (35) се запознале на снимањето нафилмот „Таа“ во 2012 година, но врската ја започнале дури четири години подоцна.

Нивната веридба беше потврдена во јули 2019 година, но тие јавно не ја коментираа ниту пак ја потврдија веста за бременоста на актерката. Медиумите ја објавија веста, цитирајќи извор близок до двојката.

Минатиот октомври, во едно од ретките интервјуа за неговиот приватен живот, Феникс изјави за „Венити феар“: „Таа е единствената девојка што некогаш сум ја барал на Интернет. Бевме само пријатели, имејл пријатели. Никогаш не сум го сторил тоа – никогаш не сум барал девојка преку Интернет.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Зошто нема Нобелова награда за математика?

Ќе ја исполнам последната желба на Панчо

Внуката на Панчо му посвети емотивна порака и ги расплака сите (ФОТО)