Утрински Весник
Свет

Научниците го спасуваат белиот носорог од истребување, изолираа 10 јајце-клетки

Научниците го спасуваат белиот носорог од истребување, изолираа 10 јајце-клетки

Меѓународен тим на научници успешно ги изолира јајце-клетките на двата преостанати примерока на северниот бел носорог, што е чекор напред во обидите да се спаси овој загрозен вид од истребување.

Научниците се надеваат дека со 10-ина јајце-клетки ќе може да создадат ембрион што ќе се всади во сурогат-мајка, која треба да ја износи бременоста и да роди живи младенчиња.

Овој научен проект беше значително забавен поради пандемијата на коронавирусот, но германско-чешката научна екипа сепак успеа да го заврши целиот процес без компликации.

Јајце-клетките на женката северен бел носорог ќе бидат однесени во Италија, каде што оплодувањето ќе се изврши со замрзната сперма на сега мртвите машки бели носорози.

Последниот примерок од северниот бел носорог почина во Судан во март 2018 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

УНРВА: Во северниот дел на Појасот Газа нема вода, храна и лекови

„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина