Утрински Весник
Свет

Најмалку 45 мигранти се удавија кај Либија

Најмалку 45 мигранти се удавија кај Либија

Најмалку 45 мигранти и бегалци загинаа оваа недела кај Либија во најтешкиот бродолом годинава, соопштија Обединетите нации во Женева.

Агенцијата за бегалци – УНХЦР и Меѓународната организација за миграција наведоа во заедничко соопштение дека 37 лица кои ги спасиле рибари, објасниле дека најмалку 45 луѓе загинале кога моторот на нивниот чамец експлодирал кај местото Звара во Либија.

Бродот на кој биле најмалку 82 мигранти потона во понеделникот, по екплозијата на моторот, соопштиле претставници на ОН.

Преживеаните во главно се од Сенегал, Мали, Чад и Гана.

УНХЦР и Меѓународната организација за миграција повикаа на засилување на операцијата за спасување и воспоставување на специјален механизам за потрага, бидејќи во спротивно ќе има уште жртви и исчезнати во Средоземното море.

Над 7.000 мигранти досега оваа година пресретнала либиската крајбрежна стража и ги вратила назад во Либија, а најмалку 302 мигранти и бегалци го изгубиле животот од почетокот на 2020 година, според овие две агенции на ОН.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дик Чејни: Трамп е најголема закана за САД, ќе гласам за Камала Харис

Протести низ Франција по изборот на Барние за премиер

Драма во Италија: Членови на семејство на почината девојка се обидоа да убијат лекари