Утрински Весник
Спорт

Четворица фудбалери на Калјари позитивни на коронавирусот

Четворица фудбалери на Калјари позитивни на коронавирусот

Калјари потврди дека четворица нивни фудбалери – Филип Брадариќ, Лука Чепители, Алберто Чери и Кирил Десподов – се позитивни на Ковид-19 по што се одложи враќањето на тренинзите во Арицо.

Бугарскиот интернационалец Десподов бил позитивен по враќањето во својата татковина, а потоа биле откриени и позитивните тестови на другите тројца фудбалери при рутинските тестови пред враќањето на тренинзите.

Според протоколот, уште двајца фудбалери, кои биле во близок контакт со позитивните фудбалери, се во самоизолација. Калјари очекува да им се врати на тренинзите веќе утре.

> Четворица фудбалери на Калјари позитивни на коронавирусот <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство