Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Касами: БЕСА ќе раководи со ресорот земјоделство

Касами: БЕСА ќе раководи со ресорот земјоделство
Img 7972

Ресорот земјоделство ќе го раководи Движењето БЕСА, но кој ќе биде министер ќе се знае по вечерашниот состанок на Централниот совет на партијата, соопшти претседателот на БЕСА, Билал Касами по состанокот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со првите луѓе на останатите партии од коалицијата „Можеме“, што се одржа попладнево во седиштето на СДСМ.

„Движењето БЕСА ќе има важна улога во владејачкото мнозинство. Ќе раководиме со ресорот земјоделство и сигурно во другите ешалони на власта ќе имаме важна улога, во делот на замениците министри и дирекрори на важни институции. Ова ќе биде придобивка за сите граѓани независно од нивната партиска или друга припадност. Сите функционери на БЕСА ќе бидат во нивна служба“,рече Касами.

Тој додаде дека се уште не може да каже кој ќе биде министер и дека по седницата на Централниот совет, ќе го потврдат и тоа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени