Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Објавена мрачната страна на шведскиот модел против Ковид-19

Објавена мрачната страна на шведскиот модел против Ковид-19
Img 7972

Во првата половина од 2020 година во Шведска, која не воведе рестриктивни мерки за сузбивање на коронавирусот, забележана е најголема смртност во последните 150 години, соопшти Заводот за статистика на земјата.

Од Ковид-19 до крајот на јуни умреле 4.500 луѓе, многу поголем процент отколку во останатите нордиски земји, а тој број сега се зголемил на 5.800. Во Норвешка, која има двојно помалку жители, од коронавирус починале околу 260 луѓе.

Вкупно, во периодот од јануари до јуни починале 51.405 Швеѓани, што е најмногу од 1869 година, кога починале 55.431 граѓани, дел од глад.

Шведска тогаш имала 4,1 милион луѓе, сега има 10,3 милиони.

Тоа значи дека од Ковид-19 починале 10 проценти повеќе луѓе отколку што починале во просек последните пет години, наведува Статистичкиот завод.

Во април бројот на починати бил речиси 40 проценти поголем поради скокот на бројот на смртни случаи од Ковид-19.

Шведска имаше поинаков пристап кон пандемијата од повеќето европски земји, не воведе карантин, а училиштата и економијата главно работеа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел нема да го отвори граничниот премин Рафах

Русија им предаде на САД декласифицирани советски документи за атентатот на Кенеди

Во Индија загинаа 20 патници откако се запали автобус