Утрински Весник
Свет

Бил Гејтс: Најсмртоносното животно во светот не отиде на одмор за време на пандемијата

Бил Гејтс: За имунизација, нема да биде доволна една доза вакцина против коронавирус

Основачот на „Мајкрософт“ и филантроп, Бил Гејтс на својот блог „ГејтсНоутс“ објави нова видеопорака, во која наведува дека пандемијата на коронавирусот е потсетник на причините поради кои човештвото мора да ја елиминира маларијата, смртоносна болест која ја пренесуваат комарците.

„ Комарците не практикуваат физичка дистанмца. Тие не носат маски. Како што ковид-19 се шири во светот, важно е да се потсети дека најсмртоносното животно во светот не отиде на одмор за време на оваа пандемија“ напиша Гејтс на својот блог.

„ Комарците ги касаат луѓето секоја ноќ и инфицираат милиони луѓе со маларија. Тоа е болсет која убива едно дете на секоја минута секој ден. Многу од тие смртни случаи се случуваат во најсиромашните земји во светот, кои имаат најслаби здравствени системи, а сега се соочуваат со дополнителен товар за спречување на ширењето на коронавирусот. Во многу од тие земји врвот на бројот на случаи на ковид-19, се очекува во најлош можен период, односно токму на врвот на сезоната на трансимисијата на маларија“ предупредува Гејтс.

Тој додава дека за време на еболата во 2014 година во Западна Африка ендемските болести како маларија, туберкулоза и сида домнеле многу повеќе смртност од самата ебола, бидејќи, како што вели Гејтс, епидемијата на болеста ги срушила локалните здравствени системи. Лекарите сега стравуваат дека би можело истото да се случи и со Ковид-19, посочува основачот на „Мајкрософт“.

„Карантинот и мерките за физичко дистанцирање веќе ја отежнаа работата на здравствените работници кои работат на превенција и лекување на маларија во многу делови на Африка. Исто така, има нарушувања во синџирите на снабдување со основните алатки за борба против маларијата – кревети со мрежни комарци, антималарични лекови и брзи дијагностички тестови, кои се клучни за намалување на смртноста од маларија за 50% од 2000 година“, предупредува Гејтс, додавајќи дека, според проценките на Светската здравствена организација, смртноста од маларија може да се врати на ниво што не сме го виделе за 20 години.

„Напредокот што светот го постигна во борбата против маларијата е една од најголемите приказни за здравствените успеси. Пандемијата на Ковида-19 само потврдува зошто борбата против маларијата е толку важна. Сè додека постои маларија, таа ќе се врати и ќе ги оптеретува најранливите заедници” заклучува Гејтс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата