Утрински Весник
Спорт

Реал славеле по дебаклот на Барселона

Реал славеле по дебаклот на Барселона
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тони Крос открил каква била реакцијата на неговите соиграчи по историскиот дебакл на Барселона во четврт-финалето во Лигата на шампионите од Баерн Минхен. Баварците, во петокот, ја декласираа Барселона со 8:2.

„Очигледно е дека не ни е жал. Ќе кажам дека се славеше поразот на Барселона“, ги опишал Крос пораките што си разменувале во групата фудбалерите на Реал.

Поранешниот фудбалер на Баерн признал дека не го гледал натпреварот, но не пропуштил да ги евоцира спомените на 2018 година кога Рома ја елиминираше Барселона.

Првиот меч во Барселона заврши со победа на Каталонците 4.1, но во реваншот во Рим Рома со победата од 3:0 се пласира во полу-финалето.

„Тогаш луѓето трчкаа во ходникот пред мојата соба и врескаа од среќа“.

> Реал славеле по дебаклот на Барселона <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028