Утрински Весник
Македонија

Во Куманово расте бројот на заразени со коронавирус, за 5 дена се заразиле 82 лица

Во Куманово расте бројот на заразени со коронавирус, за 5 дена се заразиле 82 лица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Куманово во моментов 301 лице се водат како активни носители на коронавурус, со што градот е втор со најмногу заболени зад Скопје каде има 917 активни случаи.

За само пет дена во Куманово биле потврдени 82-ца новозаразени, од кои 18 во изминатото деноноќие.

Од Куманово се и двајцата пациенти кои починаа во изминатите 24 часа. Како што соопштија од Министерството за здравство, тие биле на возраст од 64 и 72 години, а починале во болнички услови.

Од саботата до денес, најголем број на позитивни случаи биле регистрирани во понеделникот кога биле потврдени тестовите за 26 лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.076, бројката на оздравени пациенти е 9.625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2900.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата