Утрински Весник
Свет

Апсење во Србија: Фалсификувале ПЦР-тестови и документи и ги продавале по цена од 800 евра за еден

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Шест лица се уапсени по наредба на српското Обвинителство за организиран криминал под сомнение дека се приклучиле на криминална група заради фалсификување лични документи, но и десетици лажни ПЦР-тестови, соопштија од Обвинителството.

„По наредба на Обвинителството за организиран криминал, по неколкумесечна предистражна постапка спроведена во соработка со Одделението за сузбивање на организиран финансиски криминал СБПОК МУП на Република Србија, денес шест лица беа лишени од слобода: М. П, М. М., С. Г., Л. Б., С. И. и М. И, поради сторени кривични дела здружување поради вршење кривични дела од член 346 од Кривичен законик и фалсификување исправи според член 355 од Кривичен законик“, соопшти обвинителството.

Според нив, постојат основи за сомнение дека оваа организирана криминална група на територијата на Република Србија во периодот од јануари 2020 година до денес наоѓала лица заинтересирани за добивање лажни јавни документи, изработувала фалсификувани лични документи, како и десетици лажни резултати од ПЦР-тестовите на Ковид 19.

Осомничените за изработката на фалсификуваните документи наплаќале надоместок во износ од 100 до 800 евра за документ.

Во тек се претреси на повеќе локации, по што осомничените ќе бидат изведени на сослушување во Обвинителството за организиран криминал.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија