Утрински Весник
Македонија

Попова: Дали со директорот на „Улици и патишта“ бил и директорот на скопската зоолошка?

Попова: Дали со директорот на „Улици и патишта“ бил и директорот на скопската зоолошка?

Шилегов молчи и мисли дека со разрешувањето на Сенад Смаиловиќ – Сенко, од директор на ЈП „Улици и патишта“ ќе се спаси од одговорност, изјави Ирена Попова, советник во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

Таа рече дека разрешувањето не го амнестира Шилегов од одговорноста, што на клучна позиција поставил лице кое е фатено со две пакетчиња кокаин во себе.

Попова праша дали во присуство на директорот на ЈП „Улици и патишта“ бил и директорот на скопската зоолошка градина, Ѓорги Галетановски – Чомбе.

„Каква е улогата на Чомбе и дали и тој бил претресен за поседување на дрога? Што уште треба да се случи Шилегов да поднесе оставка, кога двајца негови директори се вмешани во огромен скандал? Дали е вршено притисок врз полицијата да се преиначи делото од продажба на наркотици во поседување на наркотици за лична употреба? Дали МВР се замолчува под налетот на партиските јурушници на Заев? Зошто институциите се ставаат во заштита на криминалци, но и зошто се ставаат во раце на криминалци? Како ќе им објасни Шилегов на Скопјани дека Сенко носел одлуки при полна свест и разум. И како воопшто го назначил?!“, праша Попова.

Таа порача дека Шилегов треба јавно да се извини, но и сам да понесе одговорност и да си замине, бидејќи директорот е негово кадровско решение.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !