Слободан Либеро Тупајиќ, сопственик на позната месарница во Пула, која стана жариште на коронавирусот откако Ковид-19 беше потврден кај петмина работници во истата, вели дека е вознемирен поради тоа и дека најверојатно ќе мора да уништи 600 килограми веќе обработено месо.
Во следните две недели месарницата ќе биде затворена, соопшти тој.
За „Гласот на Истра“ Тупајиќ изјавил дека од почетокот на епидемијата се потрудил да обезбеди максимална заштита за вработените и купувачите и дека не е дозволено во месарницата во исто време да има повеќе од двајца муштерии.
Се користеле и сите заштитни средства.
„Но ете, се случи непосакуваното, ние сме очигледно немоќни против овој ѓавол кој лета низ воздухот, и го стави целиот свет во големи проблеми“, рекол Тупајиќ.