Утрински Весник
Свет

(Видео) Демонстрантите запалија владина зграда за време на немирите во Портланд

(Видео) Демонстрантите запалија владина зграда за време на немирите во Портланд

Демонстрантите во Портланд марширале кон зградата на владата во вторникот вечерта, кршејќи ги прозорците и запалиле канцеларија во текот на немирите, пренесува „Њујорк пост“.

Демонстрантите се упатиле кон зградата во Мултомах, во која се сместени окружни владини операции, фрлале камења кон влезните врати изработени од стакло и палеле огнови пред зградата, соопштија властите.

Откако биле искршени прозорците, демонстрантите фрлиле запаливи материјали во внатрешноста на зградата, палејќи една канцеларијата.

„Портландската полиција ги прогласи собирите во близина на зградата во Мултомах  за немири откако поединци ја вандализираа зградата, повеќепати кршеа прозорци на првиот кат со камења и фрлаа запалив материјал во канцеларија“, се вели во твитот од канцеларијата на шерифот на округот Мултомах.

Откако го прогласила собирот за незаконски, полицијата на Портланд ги замолила сите собрани да се разотидат. Демонстрантите повикувале на укинување на полицијата и на затворите.

Портланд последниве недели бележи пораст на насилствата, откако протестите поради убиството на Џорџ Флојд неколку пати се претворија во насилство и уништување. Според „Орегонијан“, ова беше 83-та последователна ноќ на немири во градот.

Во неделата, толпа демонстранти на „Блек лајвс медр“ принудила еден човек да го искрши својот камион, а потоа го удирале додека не се онесвестил. Според сведок на инцидентот, тој се обидел да интервенира во обид за кражба пред да биде претепан.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хорор во Сомалија: Најмалку 32 лица загинаа во напад на Ал Шабаб на плажа во Могадишу

Зеленски: Русија минатата недела употреби повеќе од 600 авио-бомби за напад на Украина

Најмалку 32 жртви во терористичкиот напад во Могадишу