Утрински Весник
Политички Партии
300x250 opst2

ДУИ: Во албанската опозиција се сериски губитници, уште ќе чекаат на шалтерите на македонските партии

ДУИ: Во албанската опозиција се сериски губитници, уште ќе чекаат на шалтерите на македонските партии
300x250 opst2

На Албанците од Северна Македонија не им е потребна недостоинствена и деструктивна опозиција која им се спротивставува на сите раководители на институции во Албанија и во Косово, порачуваат во соопштение од ДУИ.

Од таму сметаат дека овие партии се узурпатори кои не ги претставуваат албанските граѓани.

„Ќе продолжите да стоите на приемните шалтери во ходниците на СДСМ и ВМРО во наредните четири години за да ги поткопате политиките што ги напредуваат Албанците во оваа земја“, порачуваат од ДУИ за колегите од албанскиот политички блок.

„Ве поканивме да ни се придружите, не за да не поддржувате, туку да владеете со нас и да ги споделуваме успесите заедно, но вие ја напуштивте албанската тркалезна маса и работевте дење и ноќе за неуспехот на историскиот договор за Албанците и сите граѓани од Северна Македонија“, нагласуваат од партијата на Ахмети, додавајќи дека Албанците не само во Македонија, туку секаде нема да го заборават или да го простат недостоинственото, деструктивно и срамно однесување на узурпатори и сериски губитници.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт