Република Српска одлучи да купи милион дози руска вакцина против коронавирус, и покрај тоа што властите во Босна и Херцеговина не дадоа согласност за нејзината употреба, објави шефот на канцеларијата на РС во Москва.
Душко Перовиќ за весникот „Глас Српске“ рече дека вакцината треба да биде достапна за жителите на српскиот ентитет до крајот на годината.
„Испратив официјално барање во име на РС дека сме заинтересирани за вакцината кога ќе биде потврдена. Покрај тоа, премиерот на РС, Радован Вишковиќ, испрати официјално писмо преку руската амбасада во БиХ и рече дека милион вакцини ќе бидат доволни за почеток“, рече Перовиќ.
Западните експерти се скептични во врска со вакцината Спутник V, која не помина вообичаена фаза на тестирање, па не е познато кои би можеле да бидат нејзините несакани ефекти.
Истакнувајќи дека е сигурен во квалитетот на вакцината Спутник V, Петровиќ тврди дека руските лекови се исто толку ефикасни како оние на западните производители и многу поевтини.
Федерацијата на Босна и Херцеговина претходно објави дека ќе ја третира руската вакцина во согласност со упатствата издадени од Европската Унија.