Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е човекот кој не исполни ниту едно ветување

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го создаде најголемиот криминален октопод во регионот и Европа

Зоран Заев е човекот кој не исполни ниту едно ветување, а лагата и криминалот му се заштитен знак, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако Социјалдемократите побараа Мицкоски да го исполни ветувањето и да поднесе оставка по поразот на изборите.

„Зоран Заев е човекот кому лагата и криминалот му се заштитен знак, и тој не може да зборува за ветувања. Човекот кој се колнеше и лажеше, не може да зборува за ветувања. Човекот кој буквално ниту едно ветување не исполни, нема кредибилитет да зборува. Човекот кој со раката на срцето се колнеше во децата и го менуваше Уставот, нема кредибилитет да зборува. Човекот кој кога зборува лаже. Човекот кој докажа дека може да краде уште повеќе и кој стана главен ортак и потпора на криминалците не може да му се верува.

Зоран Заев е човекот кој сто пати рече и порече. Даваше предизборни ветувања и се што направи беше спротивно од тоа.
Тврдеше дека не познава луѓе кои менаџирале судски одлуки, за подоцна да се испостави спротивното, дека не само што ги познавал, туку и примал совети од нив.

Зоран Заев е аболициран политичар, кој неколкукратно ги прекршувал законите. Зоран Заев е човек што ја донесе Македонија до дното“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЗНАМ ќе има сопствени советнички листи на локалните избори

Автобуси од Македонија заминаа да го поддржат Вучиќ на собирот во Ниш

ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА ДОГОВОРИТЕ СО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – најави вечерва вицепремиерот Николоски