Поранешниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, смета дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, направил една грешка.
„Лукашенко побара поддршка од работниците во индустриските компании. Се чини – премногу доцна“, рече Горбачов во интервјуто за „Комсомолска правда“, а пренесува Спутник.
Горбачов посочи дека и тој барал поддршка од работниците пред распаѓањето на Советскиот Сојуз. „Не ја добивме потребната поддршка. Не сум склон да ги обвинувам работниците“, посочи тој.
Тој исто така објасни дека ја напуштил должноста претседател на СССР со цел „да избегне раскол и внатрешна војна“. Поранешниот советски лидер сврте внимание на надворешното влијание врз настаните во Белорусија.
Масовните протести на опозицијата почнаа низ Белорусија на 9 август по претседателските избори.Според Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко победи на изборите со 80,08 проценти од гласовите. Опозицијата не ги признава резултатите од изборите и смета дека победи Светлана Тихановска.