Утрински Весник
Магазин

Џенифер Анистон се навраќа на снимањето на „Утринско шоу“

Џенифер Анистон откри дека било катарзично да глуми славна личност во новата драма-серија „Утринско шоу“ (The Morning) на стриминг-платформата „Епл плус“.

Анистон (51) стана глобална суперaѕвезда во 90-тите како Рејчел Грин во култната ТВ-серија „Пријатели“, децении пред да почне да ја портретира водителката Алекс Леви во популарна утринска програма, една од главните ликови во новата драма-серија во која игра и Рис Витерспун како репортерка (Бредли Џексон).

„Снимањето на новата серија беше катарзично а исто така ми беше интересно да гледам како секогаш се обидувам да изгледа дека сè е супер, и потоа има моменти кога имате ваш приватен нервен слом, изјави таа за „Лос Анџелес тајмс“.

Во реалниот живот ТВ-иконата помина низ големи лични пресврти пред очите на јавноста, вклучувајќи ги нејзините неуспешни бракови со Бред Пит и Џастин Теру.

 

Нејзиниот прв развод уследи со додадена брчка кога Бред неславно ја остави за да биде со Анџелина Џоли, со која тој сега е во процес на развод.

Ликот кој го глуми во „Утринско шоу“, Алекс, исто така, поминува низ развод и мора да се справи со нови обврски како мајка на тинејџерка.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Продаден култниот хотел „Бристол“ во центарот на Скопје

Дневен хороскоп за 14 Јули 2026 година

Ентони Хопкинс на 88 години објавува музички албум на кој работел 60 години