Утрински Весник
Свет

Објавени компромитирачки фотографии со Бил Клинтон

Објавени компромитирачки фотографии со Бил Клинтон

Во странските медиуми денеска се појавија фотографии на поранешниот американски претседател Бил Клинтон како го масира девојка којашто е жртва на педофилот Џефри Епштајн. На фотографиите се гледа 22-годишната Шонтај Дејви како го масира Клинтон, додека тој и се насмевнува.

Фотографиите се објавени пред говорот на Клинтон којшто треба да се одржи денеска во знак на поддршка на демократот Џо Бајден во претседателската трка. Клинтон, кој тогаш имал  56 години, се жалел дека го боли вратот, откако заспал во приватниот авион на Епштајн на хуманитарно патување во Африка во 2002 година.

Осомничената „мадам“ Гислејн Максвел, којашто е обвинета за трговија со луѓе, наводно и дала инструкции на Дејви во неколку наврати да го масира Клинтон.

Дејви тврдеше дека Епштајн ја силувал неколку пати, а исто така изјавила дека Клинтон на патувањето бил џентлмен.

Епштајн и Максвел, како и други познати личности, му се придружиле на Клинтон на патувањето во Африка во септември 2002 година. Тоа бил проект на Фондацијата на Клинтон за подигање на свеста за сиромаштијата и Сидата на континентот.

Постои и фотографија на која пред авионот позираат Клинтон и Максвел.

Да потсетиме, Џефри Епштајн изврши самоубиство во затвор во август минатата година.

 



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела