Утрински Весник
Свет

Финска ја ограничува продажбата на лекови против Ковид-19

Финска ја ограничува продажбата на лекови против Ковид-19
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Финска објави дека ќе ја ограничи продажбата на некои лекови меѓу кои и парацетамол, со цел да се обезбедат доволно залихи во случај на нов бран на епидемијата на коронавирус.

Покрај парацетамол, од денес до 15 јануари е ограничена и продажбата на дексаметазон, антиинфламаторен кортикостероид.

Според изјавата на финското Министерство за здравство, објавено на веб-страницата на владата, се воведува ограничена продажба на парацетамол за да може секој пациент да го купи лекот доколку му e потребен.

Од денес, пациентите ќе можат да добијат доволно количество лек на рецепт за три месеци.

Во Финска се регистрирани 7.800 случаи, а 334 лица починале како резултат на инфекција со коронавирус.

На почетокот на летото, бројот на пациенти во Финска се намали, но кога повторно се зголемија случаите на инфекција, владата воведе мерки меѓу кои и задолжително да се носат маски на јавни места.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп

Нетанјаху и Трамп му дадоа рок на Хамас за разоружување

Несреќа со жичарница во Италија