Утрински Весник
Македонија

Минатата недела регистриран поголем број на заразени на возраст од 30 до 39 години

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Во текот на изминатата недела од 10 до 16 август во земјава биле направенивкупно 11.605 тестирања на Ковид-19, односно за 2.062 (17.8%) повеќе споредено со претходната недела, информираат од Министерството за здравство.

Од направените 11.605 тестирања, регистрирани се 902 нови позитивни случаи, така што во минатонеделниот период процентот на позитивни случаи од вкупниот број на тестирани изнесува 7.8%, што покажува тренд на континуирано намалување во однос на претходните недели кога истиот се движел од 10%, 9.4% и 8.6%, појаснуваат од ресорното министерство.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=251; 27,8%) и Куманово (n=125; 13,6%). Во 18 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Во однос на старосната структура, регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. И во овој период, најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 206 (22,8%) позитивни. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=163; 18,1%) и 50-59 (n=162; 18,0%).
Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=26; 2,9%) и 10-19 години (n=49; 5,4%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=858; 95,1%), регистрирани се 87 (10,1%) хоспитализирани, а кај 244 (28,4%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 303 (35,3%) имале контакт со потврден случај, а 27 лица се со историја на патување во последни 14 дена.

Во споменатиот период по добиени два негативни теста за присуство на Ковид-19, како оздравени се водат 1.067 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 29 лица повеќе споредено со претходната недела.

Регистрирани се 17 смртни случаи од 9 градови, што е намалување од 32,0% во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите биле на возраст над 60 години (n=9; 52,9%). Од починатите, 16 биле хоспитализирани, а еден случај починал во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 11 починати лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Локализиран е пожарот кај Пехчево

Димитриевски: ЗНАМ е еднаков партнер во власта, од ВРЕДИ грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, план за капитални инвестиции во општините