Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Ќе се одлучува дали ќе се воведат тестови за транзитните патници

Повторно летови од аеродромите во Скопје и во Охрид
Img 7972

Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува за воведување тестови за патниците што само минуваат низ земјава.

Ставот на министерот за здравство, Венко Филипче е дека треба да се воведат тестови. Говорејќи на прес-конференција, тој вчера кажа дека по првичниот случај со летотот со позитивни патници од Скопје, пратиле писмо преку Министерството за надворешни работи до Амбасадата во Стокхолм, која ја покрива и Финска, но не го добиле списокот со 24 лица детектирани како позитивни.

„Наша цел беше да видиме дали се наши или државјани на Косово, кои беа во тој авион, но по вториот случај, на Комисија за заразни болести ќе дискутираме за воведување ПЦР-тестови и за транзит-патниците. Во целиот регион имаме најстабилна ситуација, кај нас има подобрување, нема потреба нашата земја, нашиот аеродром, да стои како место од кое излегуваат позитивни патници. Утре ќе донесеме соодветна одлука“, рече министерот Филипче.

Со саботниот лет на „Визер“ од Скопје во Турку, Финска, пристигнале уште 12 позитивни патници. Во авионот имало 115 патници, а тестирани биле 95 отсто. На сите им се издадени наредби за домашен карантин.

Ова е трет по ред лет Скопје – Турку во кој беа откриени патници позитивни на Ковид-19. На првиот лет на 8 август, по доброволното тестирање на сите што пристигнаа од Скопје, позитивни беа 26 лица, а на вториот на 11 август уште пет. Вкупно досега на трите лета се регистрирани 42 случаја на коронавирус. Повеќето од патниците во трите лета биле со патни исправи на Косово и на Финска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

Приведени тројца охриѓани поради нарушување на јавниот ред и мир во алкохолизирана состојба

Oткриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари