Утрински Весник
Свет

Заврши пучот во Мали, претседателот поднесе оставка

Заврши пучот во Мали, претседателот поднесе оставка

Претседателот на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита поднесе оставка откако беше уапсен од побунетите војници, пренесува државната телевизија.

За време на телевизиското обраќање, Кеита рече дека ќе ги распушти владата и парламентот.

„Не сакам да се пролее крв за да останам на власт“, ​​рече тој.

Кеита се обрати до нацијата неколку часа откако тој и премиерот Бубу Сисе беа однесени во воен камп  во близина на Бамако, предизвикувајќи осуда од регионалните сили и Франција.

„Ако денеска, одредени елементи на нашите вооружени сили сакаат ова да заврши со нивна интервенција, дали воопшто имам избор?, запраша Кеита од воената база во Кати, крај главниот град Бамако, каде беше приведен претходниот ден.

Ројтерс наведува дека не може да се потврди автентичноста на снимката.

Претседателот и премиерот беа уапсени во Бамако од одметнати членови на вооружените сили, соопшти претходно претставникот на Африканската унија, Муса Факи Махамат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме