„Наместо посветеност на проблемите на граѓаните, функционерите на СДСМ се посветени на тоа каде да набават кокаин или кога да си купат имоти и апартмани вредни стотици илјади евра. Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ и по шест месеци откако се појави корона вирусот немаат стратегија како да се справат со КОВИД19 и последиците кои произлегоа од оваа криза.Заев и СДСМ не обезбедуваат никаква заштита на здравјето на граѓаните, ниту нудат некаква сигурност или излез од ситуацијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, бројката на заболени е повеќе од 11 илјади или скоро шест пати поголема од прогнозите на министерот за здравство Венко Филипче. Бројот на починати лица надмина 500. И покрај ова надлежните ниту знаат што се случува сега, ниту пак што следи на есен.
„Заев и Владата предводена од СДСМ не знаат како да се справат со последиците од корона кризата.За помалку од 30 дена стартува учебната година и се нема план за образованиот процес. Заев и Владата предводена од СДСМ знаат само едно – како да се нанесе штета на граѓаните и државата.
Заев и Владата на СДСМ го зголеми јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само три месеци. Нема ниту капитални проекти, ниту пак некој ги видел тие пари, а дополнително на тоа Владата продолжува со ново задолжување. Поради лошите политики, ситуацијата оди на полошо бидејќи ниту Владата, ниту СДСМ немаат план и стратегија за справување со кризата. Потребни се обмислени чекори за да се стабилизира ситуацијата, а не функционери кои мислат каде да набават кокаин или како да ги извлечат своите пари од банките“, се додава во соопштението.