Утрински Весник
Македонија

Алијанса и Алтернатива: Владата на СДСМ и ДУИ е нелегитимна

Aлијанса и Алтернатива: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Kоалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, по постигнатиот договор на СДСМ и на ДУИ за формирање на Влада, реагира дека станува збор за измама и нелегитимна влада.

„Прво, ДУИ измами, што денес го прекрши единственото предизборно ветување за албанскиот премиер и второ, го измами СДСМ, која пред изборите рече дека во никој случај нема да се формира коалиција со ДУИ. Затоа, за нашата коалиција, оваа влада не заслужува никаков политички респект и, како таква, ќе се соочи со 12 пратеници и народ кој нема да дозволи измама и узурпација на политичката волја“, се наведува во соопштението.

Од коалицијата заклучуваат дека во државата „се занимаваме со политичка каста, која утре ќе биде владата, која ќе владее без принципи, туку водени само од тесни деловни, клански и семејни интереси“. Тие додаваат дека од утре се во офанзива за со сите демократски средства да ја вратат демократијата, да престане манипулацијата со политичката волја и да престане измамата, што, како што наведуваат, виси како навика на главата на една земја која се стреми кон ЕУ.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер