Утрински Весник
Спорт

Карабаг без милост за Силекс, европската авантура заврши по еден меч

Карабаг без милост за Силекс, европската авантура заврши по еден меч
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Азербејџанскиот шампион Карабаг го елиминираше Силекс во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, откако на „Тофик Бахрамов“ во Баку стигна до убедлива 4:0 победа.

Кратовци, кои добија шанса да играат во Лигата на шампионите, откако Вардар не успеа да добие лиценца, примија ран гол, и откако не реализираа шанса за брзо израмнување, на крајот беа убедливо победени.

Хаиме Ромеро уште во 11. минута донесе водство за Карабаг по убавата акција, а по одличната нереализирана шанса на Тантуровски, Вајлд-Доналд Герие во 40-тата минута постигна гол од сомнителна позиција по фаулот над голманот на Силекс, Божиновски. Сите надежи за подобро второ полувреме беа урнати во 51. минута, кога Герие по еден корнер зголеми на 3:0, а во 80-тата минута Махир Емрели ги постави конечните 4:0.



> Карабаг без милост за Силекс, европската авантура заврши по еден меч <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028