Утрински Весник
Свет

Меркел се спротивстави на дополнително ублажување на рестриктивните мерки против Ковид-19

Меркел се спротивстави на дополнително ублажување на рестриктивните мерки против Ковид-19
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германската канцеларка, Ангела Меркел, се спротивстави на натамошно ублажување на ограничувањата наметнати од ширењето на коронавирусот во нејзината земја повикувајќи се на неодамнешно зголемување на бројот на случаи.

Меркел рече дека Германија е среде пандемија и ги повика Германците да ги почитуваат правилата за физичко дистанцирање и за одржување лична хигиена.

Говорејќи по состанокот со гувернерот и министрите на сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената држава во Германија, Меркел изрази поддршка за униформни правила за некои аспекти на пандемијата.

16 држави во Германија претежно поставуваат свои правила, честопати создавајќи збунувачка мешавина на регионални правила, што предизвикува забуна во земјата со 83 милиони луѓе. Меркел и гувернерот Армин Лашет рекоа дека сите идни ограничувања не треба да создаваат непотребен товар за децата и студентите.

Германската агенција за контрола на болести објави дека има 1.390 нови потврдени случаи на коронавирус во земјата, пренесува АП.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп

Нетанјаху и Трамп му дадоа рок на Хамас за разоружување