Утрински Весник
Свет

Црна Гора го одложи почетокот на школската година за 1 октомври

Црна Гора го одложи почетокот на школската година за 1 октомври

Министерството за образование на Црна Гора го пролонгираше почетокот на школската година и отворањето на градинките до 1 октомври, а еден од родителите на децата помлади од 11 години ќе имаат право на платено отсуство.

Црногорските здравствени власти проценија дека започнувањето на школската година на 1 септември носи ризик по здравјето на децата поради неизвесниот развој на епидемиолошката ситуација, која, иако е под контрола, сепак е сложена.

Во Црна Гора во моментов има 1.019 активни случаи на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела