Утрински Весник
Економија
Img 7972

Драстично намален бројот на патници кои користaт автобуски превоз

Img 7972

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2020 година во патниот патнички превоз со автобуси се превезени вкупно 7.136 илјади патници и во однос на истиот период од претходната година нивниот број е намален за 64,8 проценти.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници со автобуси во градскиот превоз е намален за 68,6 отсто, во приградскиот превоз за 56,7 отсто, во меѓуградскиот превоз за 74,8, а во меѓународниот превоз за 99.7 проценти.

Во второто тримесечје од 2020 година, во однос на истиот период од 2019 година, патничките километри во автобускиот патнички превоз се намалени вкупно за 88.2 %. Според видот на превозот, патничките километри во градскиот превоз бележат намалување од 88.8 %, во приградскиот превоз 83.9 %, во меѓуградскиот превоз 80.6 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 99.7 %.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска учествува на Годишните средби на ММФ и СБ во Вашингтон

НЕВИДЛИВИОТ МОТОР НА ТРГОВИЈАТА со приход од 112,4 милиони евра

Управата за јавни приходи и Стопанската комора во заедничка мисија за успешна имплементација на системот е-фактура