Утрински Весник
Свет

(Видео) Трамп предупреди: Ако победи Бајден, Америка ќе стане втора Венецуела

(Видео) Трамп предупреди: Ако победи Бајден, Америка ќе стане втора Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека САД можат да се претворат во Венцуела ако на претседателските избори победи кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден.

„ Ова се најопасни избори од сите што сме ги имале, бидејќи мислам дека никогаш нема да закрепнеме, ако демократите победат. Ќе бидеме втора Венецуела. Претходно кажував дека, најверојатно, така ќе биде. Сега сум сигурен, бидејќи тоа е истата идеологија. Ќе бидеме втора Венецуела ако победат тие“ рекол Трамп во Висконсин.

На истиот собир Трамп го нарекол рускиот лидер Владимир Путин шахист од светска класа.

Во САД моментално е во полн ек претседателската кампања. Според последните анкети, двајцата кандидати имаат приближно иста поддршка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад