Утрински Весник
Свет

Меркел и Путин разговараа за Белорусија

Германската канцеларка Ангела Меркел разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за состојбата во Белорусија по претседателските избори.

„Канцеларката подвлече дека белоруската влада треба да се откаже од насилството врз демонстрантите, веднаш да ги ослободи политичките затвореници и да воспостави национален дијалог со опозицијата и општеството за да се надмине кризата“ се вели во соопштението на портпаролот на канцеларката.

Германија вчера објави дека е отворена за проширување на санкциите против Белорусија, доколку не запре насилството врз демонстрантите.

Она што го кажа Путин во разговорот сè уште не е објавено.

Минатата недела во Белорусија се одржаа претседателски избори, на кои актуелниот прв човек на таа земја, Александар Лукашенко, оствари убедлива победа со повеќе од 80 проценти од гласовите, и со тоа го достигна својот шести мандат.

Сепак, голем број граѓани наскоро излегоа на улиците, верувајќи дека резултатите од изборите се фалсификувани, и барајќи оставка од Лукашенко, кој е на власт во Белорусија од 1994 година. Протестите во Минск беа обележани и со брутални судири меѓу народот и полицијата, а сликите на насилство го обиколија светот, особено по смртта на еден од демонстрантите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме