Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Основните училишта во Гази Баба се подготвени за безбеден почеток на учебната година во двата модела

Основните училишта во Гази Баба се подготвени за безбеден почеток на учебната година во двата модела
300x250 opst2

Сите 11 основни училишта во општина Гази Баба се подготвени за почеток на новата учебна година, велат од општината.

По завршениот увид на сите основни училишта, градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски најави дека училиштата се подготвени за одржување на двата модела на настава и он лајн и со физичко присуство.

„ Електронските платформи за електронско учење, се веќе готови и веќе се прикачуваат на интернет страниците на училиштата. Подготовките за физичкото присуство се исто така во завршна фаза. Преку заеднички насоки, препораки и совети направивме добра стратегија со мојот тим, директорите и експерти од оваа област, како ќе се дејствува од 1 септември, без разлика на моделот на настава – со една единствена цел, безбеден почеток на учебната година“ рече Георгиевски.

Оваа недела ќе бидат готови и протоколите за сите основни училишта одделно кои ќе им бидат презентирани на родителите. Дополнително на ова, секое училиште ќе има посебен план за дезинфекција и шема за движење низ училиштето.

„ Покрај ова, направив увид и во градежните работи во секое училиште кои се во завршна фаза. За нас, инвестициите во квалитетен образовен процес и подобри услови се учениците, се вложување во квалитетна иднина. Ние ги преземавме сите неопходни мерки за заштита на учениците, но тука најголема поддршка ни треба од родителите. Секој од вас е потребно да разговара со своето дете и да го подготви за новата состојба во која би се одржувала наставата. Иднината и безбедноста на младите генерации за мене се најважни, затоа сите треба да дадеме се од себе за да имаме безбеден образовен процес“, изјави Георгиевски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вилма Русковска: Боки 13 ги однел парите од „Рекет“ дома, а наводните пораки од неговиот телефон се лажни

Аеродром: Едно лице натепало баба во продавница

Двајца малолетници од Скопје пријавени за исчезнати во еден ден