Утрински Весник
Магазин

Три продуценти од тимот на Елен Деџенерис го напуштаат шоуто

Три продуценти од тимот на Елен Деџенерис го напуштаат шоуто
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тројца од главните продуценти на ток-шоуто „Елен Деџенерис“ го напуштат популарното ТВ-шоу, „Ворнер Брос“ соопшти во понеделникот, по внатрешната истрага за серијата обвинувања на сметка на нив од поранешни вработени.

Портпаролот на телевизијата „Ворнер Брос“, која го продуцира шоуто, во понеделникот рече дека тројца високи продуценти повеќе не се во шоуто.

Оваа одлука следува по неколкунеделните превирања зад сцената, кои во голема мера ја поткопаа јавната порака на шоуто за ширење љубезност и среќа.

Ова се должи на наводите дека продуцентите, а исто така и самата Елен, постојано ги повредувале луѓето околу себе – од вербални навреди, непримерно и вообразено однесување, до расизам и недолични сексуални испади.

Ваквите обвинувања на поранешни вработени предизвикаа кампања на социјалните мрежи каде луѓето повикуваа за нејзина замена, но имаше и изјави на поддршка како на пример од Кети Пери, Кевин Харт, Алек Болдвин и Ештон Качер.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почина познатиот скопјанец Боби Ле Петит

Заштита на домашните миленици од петарди и огномет

Која рака боли непосредно пред срцев удар: Симптоми кои не смеете да ги игнорирате!