Утрински Весник
Свет

Белорускиот амбасадор во Словачка ги поддржа протестите и си даде оставка

Белорускиот амбасадор во Словачка ги поддржа протестите и си даде оставка

Амбасадорот на Белорусија во Словачка, Игор Лешченија, поднесе оставка по поддршката на протестите во неговата земја.

Во интервју за белорускиот независен портал „Тут“ тој рече дека станува збор за „логичен потег“ по снимањето видеопорака во која ги поддржува демонстрациите што се одвиваат во Белорусија веќе девет дена, од претседателските избори на 9 август на кои претседателот Александар Лукашенко освои шести мандат.

Лешченија во пораката рече дека изразува солидарност со оние кои излегле на улиците на белоруските градови на мирна прошетка, за да може да се слушне нивниот глас, објави „Асошиејтед прес“ (АП).

„Јас бев назначен за амбасадор од претседателот и се очекува да ја следам политиката што тој ја определува. Министерството за надворешни работи на Белорусија верува дека мојот граѓански став е над тоа“, рече тој.

Лукашенко допрва треба да ја потпише оставката на Лешченија, пренесува АП.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме