Утрински Весник
Свет

(Видео) Градот од каде изби пандемијата лудо се забавува

(Видео) Градот од каде изби пандемијата лудо се забавува

Илјадници млади Кинези за викендот го преполнија аква-паркот во градот Вухан, од каде почна заразата со коронавирус. Очигледно дека тие биле желни за забава, откако во градот полека се враќа животот во нормала. Популарниот акв-парк во Вухан бил исполнет со весели млади луѓе во костими за капење, кои танцуваа на електронска музика, некои во мали гумени чамци, некои само пливајќи, без притоа да се почитуваат мерките за заштита. Без маски и држење физичка дистанца.

Аква-паркот повторно е отворен во јуни, во рамки на постепеното отворање на градот по 76-дневниот карантин и строгите мерки.

Минатиот викенд аква-паркот бил исполнет половина од вообичаениот капацитет, а жените добиле и 50 проценти попуст.

Првите познати случаи на Ковид-19 се забележани минатата година во Вухан, градот од 11 милиони жители, по што вирусот се прошири во целиот свет.

Во Вухан карантинот беше укинат во април, а од средината на мај нема официјално потврдени случаи на зараза во провинцијата Хубеј, чиј главен град е Вухан.

За да ја поттикне локалната економија, владата на Хубеј понуди бесплатен влез на 400 туристички локации на својата територија.

Кина во голема мера ја сопре епидемијата на коронавирусот, но повремените жаришта и сериозните летни поплави и натаму многу ја загрозуваат нејзината економија.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

По израелски напад во Појасот Газа загинаа двајца новинари на Ал Џезира

Шефот на СЗО потврди дека е откриен полиовирус во Газа, повика на превенција

Венеција од утре го ограничува бројот на луѓе во туристичките групи на максимум 25