Утрински Весник
Економија

„Форд“ отпушта 10.000 работници и затвора фабрики во Европа

„Форд“ отпушта 10.000 работници и затвора фабрики во Европа

Автомобилскиот гигант „Форд“ соопшти дека ќе отпушти 10.000 работници низ цела Европа и ќе го намали бројот на своите фабрики на континентот од 23 на 17.

„Форд“ исто така најави дека ќе престане со производство на возила што помалку се продаваат, како што се моделите C-MAX и Grand C-Mac. Планирано е и зајакнување на партнерството со „Фолксваген“, пренесува Bankar.me.

Компанијата тврди дека е на пат да ги намали емисиите на јаглерод диоксид, во наредната година, без да инвестира во заеми и да плаќа казни, и во согласност со претходниот план.

Најавено е дека 13 нови електрични возила ќе бидат понудени до крајот на годинава.

Веста доаѓа неколку дена откако беше објавено дека неодамна избраниот извршен директор Џим Хакет ќе биде сменет. Тоа ќе биде втора промена на менаџментот годинава.

„Форд“ е во реструктурирање на компанијата во вредност од 11 милијарди американски долари. Тоа треба да помогне да се забрза развојот на нови возила, хибридни и електрични.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Стандард и пурс“ очекува забрзување на економијата, стабилизирање на јавниот долг и зајакната фискална консолидација, земјата оценета со кредитен рејтинг ББ- 24info.mk

СКСМ: Презентирани резултатите од истражувањето „Биоотпадот во С. Македонија – мапирање на проблемот и изнаоѓање решенија“

И тие кои прават торти по нарачка и оние кои продаваат преку Фејсбук ќе мора да плаќаат данок