Во првиот меч од овогодинешниот плеј-оф во НБА лигата, Денвер Нагетс по продолженија славеше против Јута Џез во Орландо со 135-125.
На овој меч посебно треба да се издвои учинокот на играчот на „џезерите“ Донован Мичел.
Мичел ноќеска цела екипа ја носеше „на свој грб“ и во кошот на Денвер уфрли дури 57 поени. Имаше и 9 скока и 7 асистенции. Од игра погоди 19 од 33, а прецизен беше и при сите 13 слободни фрлања.
Колку Мичел беше брилијантен говори и фактот што само двајца НБА играчи во историјата забележале повеќе поени во еден плеј-оф меч.
Мајкл Џордан со Чикаго Булс на меч против Бостон Селтикс постигнал 63 поени, а Елгин Бејлор своевремено за Лејкерси имал 61 поен.
.@spidadmitchell joins elite company. pic.twitter.com/HOPWkUDj5k
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) August 17, 2020
> Донован Мичел влезе во одбрано друштво со 57-те поени против Нагетси (фото) <