Ешли Тисдејл во понеделникот во искрена објава на Инстаграм откри дека имала импланти во градите, но и дека ги отстранила за да го подобри здравјето.
Актерката од The High School Musical напиша дека постапката за отстранување ја направила оваа година, откако се појавиле мали здравствени проблеми. „Имплантите беа вградени пред повеќе години,“ додава таа.
34-годишната актерка и пејачка позира на плажа во розово цветно бикини кое ја покажува новата форма откако ги извадила силиконите.
„Здраво дечки, ова е веројатно најличниот пост што досега сум го споделила. Како што знаете, јас бев многу отворена за моето ментално здравје и чувствувам дека и ова е подеднакво важно,“ пишува Ешли.
Потоа признава нешто за кое претходно не зборувала: „Пред неколку години имав операција за зголемување на градите.“ Потоа Ешли ја истакна важноста на самоприфаќање, и потребата за позитивен став кон сопственото тело.