Утрински Весник
Македонија

Уште 12 патници позитивни на коронавирус слетале од Скопје во Финска

Tуристичките агенции најавија протест: „Ако државата не ни помогне, ќе мораме да ставиме катанци“

Уште 12 патници кои пристигнале со саботниот лет на Визер од Скопје во Турку, Финска, се позитивни на коронавирус.

Како што соопштија финските власти, на летот имало вкупно 115 патници, од кои 95 проценти биле тестирани. Сите патници добиле писмени наредби за домашен карантин.

Ова е трет по ред лет Скопје – Турку во кој беа откриени патници позитивни на ковид-19. На 8 август позитивни беа 26 лица, а на вториот лет на 11 август уште пет. Вкупно досега на трите лета се регистрирани 42 случаи на коронавирус.

Патниците во трите лета, во најголем дел, биле државјани на Косово и на Финска.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Објавени најмоќните пасоши за 2026, Сингапур на врвот

Тешка сообраќајка во Битола и низа приведувања низ државата, возачи со над 2 промили алкохол зад волан

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата