Утрински Весник
Свет

Речиси сите сегашни случаи на ковид-19 во Викторија се поврзани со хотелите за карантин

Австралија ќе ја изолира една од најнаселените држави поради коронавирусот

Речиси сите моментални случаи на ковид-19 во австралиската сојузна држава Викторија можат да се поврзат со патници кои се вратиле во државата и биле во карантин, покажала државната истрага.

Исто така е откриено дека здравствените власти дале неадекватна насока на хотелите кои служеле како карантин, пишува Би-би-си.

Австралиските медиуми наведуваат дека на обезбедувањето на објектите им било кажано дека маска и друга заштитна опрема не се потребни ако се држи физичка дистанца од 1,5 метар.

Викторија се наоѓа во карантин поради втор бран на пандемијата. Во Мелбурн на 2 август беа воведени строги мерки за ограничување кои би требало да останат на сила шест недели.

Во оваа држава вчера беа забележани 282 нови случаи на коронавирус и 25 смртни случаи, што е најголем дневен број на починати од почетокот на пандемијата.

Кон крајот на март австралиската сојузна влада соопштио дека сите кои се враќаат од странство мораат да одат во карантин кој ќе го спроведат одделни држави.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет