Утрински Весник
Свет

Во светот заболени од ковид-19 се 22 милиони луѓе

Словенија: Рекорден број заразени од средината на април

Според податоците на сајтот Ворлдометер, бројот на заразени со ковид-19 во светот достигна 22 милиони, починале 776.154, а оздравеле над 14.700.000 луѓе.

Активни случаи во овој момент се над 6,5 милиони, а во критична состојба се 64.221 заболени.

Најмногу заразени и починати и натаму има во САД, каде заболена над 5.600.000 луѓе, а починаа 173.605.

На второто место е Бразил со речиси 3.360.000 инфицирани со ковид-19, а на трето место е Индија во која позитивни на коронавирус се над 2.700.000 луѓе.

На четвртото место во светот и прво во Европа е Русија со 927.745 заболени.

Бројот на заразени лица се зголемува за еден милион речиси на секои четири дена во последниот месец – 21 милион заразени беа достигнати ноќта помеѓу 13 и 14 август.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет