Утрински Весник
Свет

(Видео) Трамп упорно се обидува да ја фати Меланија за рака

(Видео) Трамп упорно се обидува да ја фати Меланија за рака

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија се вратија во Вашингтон, а додека се симнуваа од претседателскиот авион, првата дама на САД двапати не му дозволи да ја фати за рака.

Американскиот портал „Хил“ пишува дека Трамп двапати се обидел да ја фати за рака додека се симнувале по скалите од авионот, но таа го одбила.

Дури кога почнале да одат подалеку по пистата, Трамп успеал да ја фати за рака.

Првата дама и порано не му дозволуваше на Трамп да ја фати за рака, а многу често кон него се однесува студено во јавноста.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Руски дронови на небото над Полска, активирана воздушната одбрана, свикан итен состанок на државниот врв

Макрон избра нов премиер на Франција

Орбан за приемот на Украина: Проширувањето на ЕУ не може да се базира на лицемерие и двојни стандарди