Утрински Весник
Спорт

Почна ерата на Ден Фридкин во Рома, најавени се големи работи

Почна ерата на Ден Фридкин во Рома, најавени се големи работи

Американецот Ден Фридкин официјално го комплетира преземањето на Рома од својот сонародник Џејмс Палота најавувајќи визија на клуб во кој ќе има долгорочни инвестиции наместо брзи решенија.

Групацијата Фридкин откупи 86,6 отсто од клубот и ќе поднесе задолжителен тендер за откуп на јавните акции, кои се 13,4 отсто кога преговорите траеја повеќе од 10 месеци за на крајот да се комплетираат за 591 милион евра.

„Пресреќни сме што се приклучуваме на семејството на АС Рома. Како што напиша еден навивач пред некое време: ’Преземето го нашиот клуб и направете го меѓу најголемите во светскиот фудбал’. Тоа е нашиот план и нашата посветеност е комплетна. Ќе бидеме присутни во Рим, градот што има посебно место во нашите срца и сфаќаме дека го преземаме клубот кој е душата на Рим и тоа е голема одговорност. Генералниот директор Гвидо Фиенга ќе добие целосна поддршка да се оствари планот. Визијата е единствена – со постојано долгорочно вложување тимот да се направи посилен наместо со брзи решенија“, вели Фридкин во соопштението на клубот.

> Почна ерата на Ден Фридкин во Рома, најавени се големи работи <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари