Утрински Весник
Свет

Во Долината на смртта во Калифорнија измерени рекордни 54,4 степени

Во Долината на смртта во Калифорнија измерени рекордни 54,4 степени

Во калифорниската Долина на смртта се измерени рекордни 54,4 степени Целзиусови.

Во Долината на смртта во 2013 година температурата достигала 54 степени, што досега претставуваше највисок рекорд.

Во претходните денови, а особено минатиот викенд, топлотен бран го погоди американскиот западен брег, а високите температури, исто така, придонесоа за прекин на струја во некои делови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Њујорк тајмс: Европа работи на алтернативен формат за преговори за Украина

Венецуела објави ослободување на 131 политички затвореник

Два танкера погодени во Ормуската Теснина