Утрински Весник
Свет

На забава во Колумбија убиени деветмина млади луѓе

На забава во Колумбија убиени деветмина млади луѓе

Владата на Колумбија понуди награда во вредност од 53.000 долари за информација за убиството на девет луѓе, што се случи во саботата во југозападната провинција Нарино.

Четворица непознати напаѓачи упаднале во саботата на забава која се одржувала во куќа во Саманиегоу и почнале да пукаат. Убиеле седум мажи и една жена. Мотивот за нападот не е познат, но во ова погранично место со Еквадор активни се банди кои се занимаваат со препродажба на дрога.

Оние кои го преживеале нападот рекле дека некои од нив во саботата примиле закани во кои биле предупредени да ја прекинат забавата.

Група млади луѓе од тоа место организирале забава бидејќи поради пандемијата на коронавирус бил откажан годишен музички фестивал. Тие се собрале во празна куќа на бабата на еден од организаторите, каде пиеле пиво и слушале музика, пишува Би-би-си.

Повеќето од убиените биле ученици во средно училиште или студенти на факултет.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

По израелски напад во Појасот Газа загинаа двајца новинари на Ал Џезира

Шефот на СЗО потврди дека е откриен полиовирус во Газа, повика на превенција

Венеција од утре го ограничува бројот на луѓе во туристичките групи на максимум 25